Каракамишева: Со губењето на името Република Македонија државата НЕМА ДА ДОБИЕ ИМОТЕН ЛИСТ ЗАПИШАН ВО КАТАСТАР, како што лупета Заев, туку државата ќе ја ИЗГУБИ својата територија!

 Breaking News

Каракамишева: Со губењето на името Република Македонија државата НЕМА ДА ДОБИЕ ИМОТЕН ЛИСТ ЗАПИШАН ВО КАТАСТАР, како што лупета Заев, туку државата ќе ја ИЗГУБИ својата територија!

Каракамишева: Со губењето на името Република Македонија државата НЕМА ДА ДОБИЕ ИМОТЕН ЛИСТ ЗАПИШАН ВО КАТАСТАР, како што лупета Заев, туку државата ќе ја ИЗГУБИ својата територија!
June 13
08:52 2018

Со губењето на името Република Македонија државата НЕМА ДА ДОБИЕ ИМОТЕН ЛИСТ ЗАПИШАН ВО КАТАСТАР, како што лупета Заев, туку државата ќе ја ИЗГУБИ својата територија!

Токму затоа договорот МОРА да се отфрли, бидејќи истиот ќе биде предмет на сите натамошни уценувања што Грција ќе ни ги прави, а поврзани со нашиот идентитет.

Кога еднаш ќе се согласиш да промениш идентитет поради нечии други интереси рампата останува подигната и за сите натамошни промени условени од Грција, но и од другите соседи.

Ако еднаш се потклекне на уцените, тие до крајот на процесот на приклучување на земјата во ЕУ и во НАТО ќе бидат присутни, ќе нема крај со уцените и со условувањата!

Грција ќе си добие простор за ставање нови, и нови, и нови идентитетски услови и барања. Грција нема да сопре тука!

Во секоја фаза од преговањата со ЕУ Грција може да ни стави ВЕТО, а Македонија ќе мора сите нивни апетити и каприци да ги исполни. И не само на Грција, тука се каприците и на Бугарија, и на Албанија за НАТО!

На крај, со овој штетен меѓународен договор ќе се доведе во прашање НАШИОТ суверенитет како Македонци, посебно откако ќе ни бидат избришани идентитетските компоненти (преку процесот на јакнење на другите идентитети внатре), во Македонија ќе биде доведен во прашање и ТЕРИТОРИЈАЛЕН ИНТЕГРИТЕТ на државата.

Ова претставува и најопасната безбедносна димензија за државата.

Со други зборови, епилогот на оваа авантура со името ќе биде губење на територијата на Македонија, бидејќи не-суверениот актер ќе стане предмет на апетитите на соседните држави.

Она што е битно да се разбере е дека со губење на името, СЕ ГУБИ и територијата!

Ниту НАТО во еден таков развој на настаните нема да може да го спречи распадот на Македонија.

Судбината на Македонија ќе наликува на распадот на Југославија, како што впрочем прогнозираа грчките политичари.

Во едни такви околности, најголем „колач” од територијата на сегашна Македонија ќе земат сојузниците на НАТО!“ ова на својата фејсбук страница, го напиша професорката Тања Каракамишева.

Коментари

Коментари

Related Articles