Кабинетот на Претседателот: Иванов е достоен за функцијата што ја извршува, и за тоа не се прашуваат политичките партии туку граѓаните

 Breaking News

Кабинетот на Претседателот: Иванов е достоен за функцијата што ја извршува, и за тоа не се прашуваат политичките партии туку граѓаните

Кабинетот на Претседателот: Иванов е достоен за функцијата што ја извршува, и за тоа не се прашуваат политичките партии туку граѓаните
August 03
17:36 2018

По изјавата на пратеникот од СДСМ Костадин Костадинов, Кабинетот на Претседателот Иванов излезе со реакциија.

Оттаму најстрого ги отфрлаат тврдењата во изјавата на г. Костадин Костадинов, пратеник на СДСМ, за кои сметаат дека се големи лаги и манипулација, со цел дефокусирање на јавноста.

„Јасно и очекувано е дека политичката партија СДСМ преку вакви манипулации се обидува да изврши притисок врз претседателот Иванов, поради неговите политики и цврсти ставови во одбрана на достоинството на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, а во врска со неприфаќањето на штетниот грчки договор.

Реакцијата на македонскиот народ на вчерашниот ден точно покажа какво е неговото размислување кон погубната политика што ја води оваа власт за Република Македонија.

Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ.

Претседателот Иванов никогаш не поттикнал меѓуверска и меѓунационална омраза.

Напротив, заедништвото и сплотеноста коишто со децении се градени, сега се доведуваат во опасност, токму поради штетните политики и одлуки на оваа власт.

За тоа дали претседателот Иванов е достоен за функцијата што ја извршува, не се прашуваат политичките партии, туку граѓаните кои го избрале и кои го покажаа својот став на чествувањето на Илинден.

Претседателот Иванов, како и секогаш, така и во иднина ќе се води исклучиво од државниот интерес и интересот на граѓаните на Република Македонија.“ се вели во соопштение од Кабинетот на Претседателот Иванов.

Коментари

Коментари

Related Articles