Известување за сите кои патуваат на Плетвар, сообраќајот е во прекин до пладне, исто и на патот Виница – Бигла – Делчево

 Breaking News

Известување за сите кои патуваат на Плетвар, сообраќајот е во прекин до пладне, исто и на патот Виница – Бигла – Делчево

Известување за сите кои патуваат на Плетвар, сообраќајот е во прекин до пладне, исто и на патот Виница – Бигла – Делчево
September 13
07:55 2018

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Но на овие места ќе е во прекин:

РАБОТИ НА ПАТ: Конструксионе Рубау А.Д. Гирона Шпанија известува дека е изведувач на експресниот пат Прилеп – Градско, делница Фариш – Дреново. Согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај:
– На 13.09.2018 градежните работи ќе започнат во 07:00 часот, а прекини во сообраќајот ќе има од 09:00 – 11:45 часот. Прекините ќе започнат во 09:00 и 11:00 и ќе траат околу 30 – 45 минути. После 11:45 часот на 13.09, сообраќајот ќе се нормализира.

Од 01.10.2018 година поради изведување градежни работи, сообраќајот на регионален пат П-2345 Виница-с.Бигла-Делчево помеѓу с.Драгобраште-с.Трсино, ќе биде во прекин. Сообраќајот ќе се одвива по алтернативни улици/правци.

НАИЗМЕНИЧЕН СООБРАЌАЈ: Од 12.09.2018 во наредните 10 дена ЈП Македонијапат ќе изведува градежни работи (машинско асфалтирање,надоградба на постоечката подлога на коловозот) на регионалениот пат Р-1206 од с.Сарај до клучката кај с. Бојане. На местото на изведување на градежните работи ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација како и физичко обезбедување со знаменца, а сообраќајот ќе се одвива наизменично во двата правци.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

РАБОТИ НА ПАТ:

Илинден АД Струга известува дека од 25.08.2018 година, поради рехабилитација на битолската обиколница, на потегот од бензинската ЛукОил, на влез од Битола, до с. Крклино, сообраќајот ќе биде во прекин се до завршување на градежните работи, истиот ќе се пренасочува преку градот Битола.

ВИЈАДУКТ ТРЕЈД информира дека од понеделник 20.08.2018 ќе се изведуваат градежни активности -Рехабилитација на обиколка на Скопје(клучка Стајковци-клучка Мирковци) возна и брза лента во времетраење од шест месеци.

Од 14.08.2018 год., во Скопје започнуваат работи на пат на две локации:
„ Геинг“ известуваат дека од 14.08.2018 год. до 3 септември, поради геодетски мерења и вадење кернови, на булеварот Партизански одреди од раскрсницата со булеварот 8 Септември до мостот „Обединети нации“ сообраќајот ќе се одвива со времено изменет режим на сообраќај, согласно поставената сообраќајна сигнализација.

„Ескаватори-Мк“ известуваат дека од 14.08.2018 год. , ќе отпочнат со работа на реконструкција на ул. „Ацо Шопов“ од раскрсница со бул. „Илинден“ до раскрсница со Бул. „Партизански одреди“, согласно Одобрениот Времен Режим на сообраќај. На ден 18.08.2018 год. (сабота ) ќе отпочне асфалтирање на делот од раскрсницата со бул. „Партизански одреди“ до раскрсницата со ул. „Фјодор Достоевски

Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај, на магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид (Мала Река – Славеј Плаина) од 10.08.2018 се воведува времена измена на сообраќајот со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената ќе трае до завршување на градежните работи.

ВИАДУКТ ТРЕЈД-Гостивар ќе изведуваат градежни активности за изградба на пешачка патека на потег Петровец – Р’жаничино, дел од регионален пат Р – 1102, Општина Петровец, Скопје во времетраење од деведесет дена почнувајќи од вторник (26.06.2018).

Друштвото АСФАЛТ ДООЕЛ СКОПЈЕ известува дека поради изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатна станица Гевгелија во периодот од 21.06.2018 г. до 18.10.2018 г. на магистралниот пат А1, делница Демир Капија-Гевгелија, наплатна станица Гевгелија и обратно воведена е времена измена на режим на сообраќајот и поставена е соодветна сообраќајна сигнализација на оваа делница. Измената ќе трае до завршување на градежните работи и возачите се предупредуваат да пристапуваат внимателно.

Од 21.05.2018 година започна изградбата на Експрес пат А4, Штип- Радовиш, на следниот потег: клучка Штип југ (Софилари)- Бучим (км 5+000 до км 28+560) согласно Договор бр. 001-ЕБРД/17.

Продолжуваат градежните работи за рехабилитација на државниот пат А2 делница од Гостивар ( мост кај село Здуње ) до село Колари, како и санација на мостовите на истата делница во должина од 28,5 км. Истовремено се изведуваат градежни работи на санација на мостовите на истиот државен пат.

Во моментот се изведуваат градежни работи на мост Атанасова Река во должина од 110 м1. Сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента и истиот е регулиран со семафори. Вкупното времетраење на рехабилитацијата на сообраќајницата и мостовите е предвидено да трае 15 месеци односно завршувањето на градежните активности барем во овој момент е предвидено да завршат 2018 година во месец септември.

ДГ Бетон АД Скопје известува дека од 21.02.2018 има градежни активности за Рехабилитација на државниот пат Р1102, делница од Петровец до Катланово, во делот од натпатникот Коњари кон Катланово (стариот пат). За таа потреба, воведена е времена измена на режимот на сообраќајот и поставена е соодветна сообраќајна сигнализација на истата делница.

ГП ИЛИНДЕН – Струга известува дека од 30.01.2018 год. на регионалниот патен правец Р – 1301 од Билјанини извори – Населба Коњско ќе започне измената на режимот на сообраќај поради изведување на градежни работи на пат. На местата на градежните работи ќе биде поставена вертикална и хоризонтална сигнализација.

На магистралниот пат А2 патен правец Кичево – Охрид ( Пресека – Песочан ) од 3+300 км до 5+600 км од 21.12.2017 воведена е времена измена на сообраќај со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Известување за времена измена на режим на сообраќај. На магистралниот пат А2, делница Струга – Граничен премин Ќафасан започнува измената на возниот режим за сообраќај на 08.12.2017 од 14ч. а ќе трае до завршување на градежните работи. Проодноста ќе биде обележана со вертикална и хоризонтална сигнализација.

Од 15.11.2017 година започнаа градежни активности за изградба на клучката Ванчо Прќе на Експресен пат А3, делница од Пробиштип до с. Крупиште на регионланиот пат P1205. За таа потреба е воведена времена измена на режим на сообраќајот и поставена е соодветна сообраќајна сигнализација на оваа делница.

ДГ Бетон АД Скопје известува дека од 20.10.2017 год. започнаа градежни активности за реконструкција и рехабилитација на државниот пат А2, делница Сарај – Групчин. За таа потреба е воведена времена измена на режимот на сообраќај. Возачите ги предупредуваме да ја почитуваат новопоставената сообраќајна сигнализација на споменатата делница.

Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација.

На патниот правец Р 1308 Макази – г.п. Маркова Нога поради свлечиште кај м.в. Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

Коментари

Коментари

Related Articles