Хисени: Животот е ист за секого, а детето е нешто најсвето во семејството, не може да го вратиме, но правдата бараме да се води до крај

 Breaking News

July 11
13:31 2018

Основачот и претседател на Здружението на ветераните од војната на ОНА, Даим Хисени, попознат како „Командант Валтери”, испрати писмо со сочувство до семејството на Никола Саздовски, во кое наведува дека не може да го врати нивниот син, но правдата за наговата смрт може да биде задоволена.

„Свесни сме дека вашиот син не можеме да го вратиме меѓу своите родители и пријатели, но правдата за неговата смрт бараме да се води до крај. Животот е ист за секого, а детето е нешто најсвето во семејството. Дозволете денеска да ја споделам претрпената болка заедно со вас. Посрамен сум од криминалното злосторство извршено од страна на хулигани што припаѓаат на мојот етникум”, додава Хисени.

Според него, погрешната политика во државата со сеење национална и верска омраза е една од главните причини чии последици ни ги кршат срцата со губење животи меѓу младата популација.

„Нека мирната душа на Саздо биде јасна порака до сите нас, како во иднина треба да делуваме во семејството, како да ги воспитуваме нашите деца и како треба да се лекува и негува нашето болно општество”, вели Хисени.

Коментари

Коментари

Related Articles