Хан побарал претставниците на ВМРО-ДПМНЕ да ја напуштат канцеларијата за да остане на само со Мицкоски

 Breaking News

July 18
09:07 2018

Еврокомесарот Хан побарал од претставниците на ВМРО-ДПМНЕ да ја напуштат канцеларијата во Собранието за да може да остане на само со партискиот лидер Христијан Мицкоски, јави Сител.

Комесарот Хан кој денеска дојде во Македонија за да го означи стартот на скрининг процесот на половина од средбата која што беше закажана со опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги замолил двајцата партиски претставници да си заминат за да може тет-а-тет да разговара со Мицкоски.

Што се разговарало на оваа средба се уште нема информации, но по неа, власта на Собранието му го достави предлогот за измени на Изборниот законик по скратена постапка а премиерот Заев свика лидерска средба.

Од ВМРО-ДПМНЕ се уште нема официјална потврда дали партискиот лидер Мицкоски ќе дојде на утрешната лидерска средба иако партиски извори брифираат дека е извесно дека тоа ќе се случи.

Коментари

Коментари

Related Articles