Ѓуриќ: Ако до вечерва не ги пуштат Србите од Гнилане, нема дијалог и нема да го има уште долго

 Breaking News

Ѓуриќ: Ако до вечерва не ги пуштат Србите од Гнилане, нема дијалог и нема да го има уште долго

Ѓуриќ: Ако до вечерва не ги пуштат Србите од Гнилане, нема дијалог и нема да го има уште долго
July 10
21:59 2018

Нападот извршен на брутален начин, според смислено сценарио, се случи сѐ спротивно што е договорено на последниот состанок со претседателот Вучиќ и Федерика Могерини, кога беше договорено вакви работи да не се случуваат рекол Ѓуриќ на денешата вонредна прес-конференција во Косово.

Директорот на Канцеларијата за Косово, Марко Ѓуриќ одржа вонредна конференција за новинари денеска напладне во зградата на Владата на Република Србија.

Ѓуриќ денеска изјави дека доколку Србите кои се уапсени кај Гнилане не бидат пуштени до вечер, дијалог меѓу Приштина и Белград нема да има уште долго.

„Доколку до вечер не бидат ослободени, нашата порака е дека нема да има дијалог и нема да го има уште олго. И тоа е порака од претседаелот Александар Вучиќ и порака која ја пренесовме и до претставниците на Европската Унија“, рекол Ѓуриќ за новинарите.

Тој рекол дека успени се началникот на Косовско-поморавскиот округ Радован Стојкович, директорот на филијалата на Националната служба за вработување Јован Дениќ, припадник на Восјката на Србија кој живее во Косово, а работи во Врање Ненад Стојановиќ и браќата Александар и Прераг Ѓорѓевиќ, од кои еден е активен, а другиот е пензиониран припадник на МУП Србија.

Ѓури рекол дека нивен единствен грев е што не поддржувале формирање на косовска војска или што јавно се противеле за формирање на истата.

Тој додал дека договорот на тој начин е прегазен и дека пораката на Белград е дека тие под инто мораат да бидат ослободени.

Коментари

Коментари

Related Articles