Ѓубреџиска свадба во Тетово – наместо подарок во плико младоженците добиваа кеси со отпад

 Breaking News

Ѓубреџиска свадба во Тетово – наместо подарок во плико младоженците добиваа кеси со отпад

Ѓубреџиска свадба во Тетово – наместо подарок во плико младоженците добиваа кеси со отпад
May 14
19:30 2018

На плоштадот во Тетово вчера се одржа необична „свадба“. Многу гости и музика, а орото не беше изоставено. Наместо подароци, младоженците добиваа кеси полни со отпад собран од целиот град.

На музичарите наместо да им се лепат пари, им се даваа заштитни маски за дишење.

Младоженецот беше облечен во црни кеси за отпад, а невестата во венчаница направена од хартии.

Преку ваквата акција, невладините организации го искажаа својот револт и упатија порака до надлежните, сметот од целиот град да биде исчистен, бидејќи влијае врз здравјето на граѓаните.

Коментари

Коментари

Related Articles