Грците не се согласуваат со новото име: Македонија е грчка, нашиот сосед нека се вика Скопје!

 Breaking News

Грците не се согласуваат со новото име: Македонија е грчка, нашиот сосед нека се вика Скопје!

Грците не се согласуваат со новото име: Македонија е грчка, нашиот сосед нека се вика Скопје!
June 13
14:57 2018

Грчкиот премиер Алексис Ципрас кажа дека нивниот северен сосед е согласен да го користи името Република Северна Македонија, а тоа го соопшти и нашиот премиер Зоран Заев во текот на вчерашниот ден.

Ставовите и мислењата во државава се поделени, некои се за промена на името поради евентуалниот влез во НАТО и ЕУ, додека голем дел од граѓаните се против било каква уставна промена, како и промена на името Република Македонија.

Сепак, кај нашиот грчки сосед можеше да се забележат многу лоши реакции, па речиси мнозинството од граѓаните не го прифаќаат новото името на нашата земја.

„Не се согласувам. Името треба да биде без Македонија. Тие може да користат друго име, на пример Скопје“

„Грчкото име на северниот дел на земјата е Македонија. Тие немаат врска со ова. Нека се викаат Скопје“

„Македонија е грчка. Тие намаат врска со граѓаните на Скопје. Тие дојдоа тука во шести век“, беа само дел од реакциите на грчките граѓани.

Коментари

Коментари

Related Articles