Градоначалникот Дудуш: Заменивме стари за нови возила, запрежни коли ли требаше да земеме

 Breaking News

Градоначалникот Дудуш: Заменивме стари за нови возила, запрежни коли ли требаше да земеме

Градоначалникот Дудуш: Заменивме стари за нови возила, запрежни коли ли требаше да земеме
August 06
21:47 2018

Општина Шуто Оризари замени два стари модели на автомобили, кои беа во лоша состојба и беа неподобни за вршење на секојдневните активности на градоначалникот и вработените, стои во реакцијата на градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, откако склучи договор за набавка на две возила марка Цитроен Ц4, пишува Прес24.

„Се спроведе законска, тендерска постапка и се склучи договор за јавна набавка со Автонова ДОО за две возила со цена во висина од 14.000 евра и второто возило во висина од 18.000 евра.

Договорот предвидува исплата на возилата на лизинг период. Овие средства се предвидени во буџетот за 2018 година“, се вели во реакцијата.

Оттаму посочуваат дека возилата не поседуваат дополнителна опрема и 3Д светла.

„Каква одлука требаше да донесе градоначалникот за истата да не биде „скандалозна и вредна за жолт печат”?

Дали требаше да се набават влечни коњски коли со кои не прикажувате Вие кога говорите за некое Ромско прашање?“,

пишува во реакцијата на градочачалнкот Курто Дудуш. Извор: Прес24.мк

Коментари

Коментари

Related Articles