ФОТО: Во центарот на Скопје, се појави нов споменик „ЕДНО ЕВРО“

 Breaking News

ФОТО: Во центарот на Скопје, се појави нов споменик „ЕДНО ЕВРО“

ФОТО: Во центарот на Скопје, се појави нов споменик „ЕДНО ЕВРО“
September 13
17:55 2018

Група урбани уметници од Скопје во знак на поддршка за приближувањето на Македнонија кон ЕУ поставија џиновско евро во центарот на градот во рамките на граѓанската акција „Зачекори напред, изборот е твој“.

„Се надеваме дека набргу ќе дојде денот кога шарпланинецот, рисот, охридската пастрмка и другите наши симболи ќе заблескаат на монетите на еврото“, велат од групата урбани уметнички акции појаснувајќи дека секоја земја членка на ЕУ по прифаќањето на eврото како валутa има право на монетите да ги аплицира своите симболи.

Оттаму сметаат дека со оваа акција на граѓаните пластично ќе им се прикаже што значи идното членство во ЕУ и барем за момент ќе се прошара сувопарниот предреферендумски пејзаж во Македонија.

Коментари

Коментари

Related Articles