Фото: Мвр со детали, Сеат алтеа била пресретната од џип во центарот на Скопје

 Breaking News

Фото: Мвр со детали, Сеат алтеа била пресретната од џип во центарот на Скопје

Фото: Мвр со детали, Сеат алтеа била пресретната од џип во центарот на Скопје
September 29
09:15 2018

Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа во 00,30 часот на улица „Франклин Рузвелт“ во Скопје, непознати лица од возило пукале во возилото „Сеат aлтеа“ со скопски регистарски ознаки, во кое биле лицата Н.А.(44), Ф.Е.(19) и А.П.(49), сите од Скопје.

-На местото на настанот починал Н.А., додека другите две лица- Ф.Е. и А.П. со Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде А.П. подлегнал на повредите, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Од повреди од пукањето во престрелката што ноќеска половина час по полноќ се случила на ул. „Франклин Рузвелт“ починал уште еден од тројцата патници во возилото „сеат алтеа“.

Од Ургентен центар потврдија дека на повредите им подлегнал и 47-годишен кој два часа по приемот, односно околу 3 часот по полноќ, им подлегнал на тешките повреди од истелите од огнено оружје.

– И покрај напорите на лекарскиот тим, повредениот им подлегна на повредите, изјави за МИА д-р Алберт Леши, раководител на Ургентен центар во комплексот-клиники „Мајка Тереза“.

Триесет минути по полноќ во Ургентниот центар биле донесени три лица со повреди од огнено оружје. Кај едниот била веднаш констатирана смрт, другите двајца биле хоспитализирани на КАРИЛ со животозагрозувачки повреди и едниот починал два часа по приемот.

На третиот хоспитализиран му е извршена хируршка интервенција во текот на ноќта и продолжува да се лекува на Интензивна.

Според извори од истрагата, врз возилото „сеат алтеа“ во кое биле трите лица пукале непознати сторители од возило во движење.

На самото место на престрелката убиен бил 44-годишниот Н.А. а другите двајца Ф.Е (1999) и А.П. (1969) со амбулантни возила ноќеска биле пренесени во Ургентниот центар.

Коментари

Коментари

Related Articles