Фејсбук пробиен – ако утрово ви се случи ова проверете ги своите податоци

 Breaking News

Фејсбук пробиен – ако утрово ви се случи ова проверете ги своите податоци

Фејсбук пробиен – ако утрово ви се случи ова проверете ги своите податоци
September 28
19:27 2018

Друштвената мрежа Фејсбук соопшти дека денеска скоро 50 милиони корисници биле изложени на безбедносен проблем.

Ранливоста во заштитата на податоци хакерите можеле да ја искористат преку опцијата „Вју ез“ (View As).

Компанијата на почетокот од оваа недела откри дека до=ло до упад на системот, откривајќи дека хакерите ја користеле опцијата во кодот на Фејсбук, која им овозможила преземање на кориснички профили.

Фејсбук го „среди“ овој проблем и како што наведуваат во соопштението, надлежните органи се известени за истиот.

Денеска утринава повеќе од 50 милиони корисници на Фејсбук биле присилени да се одлогираат од профилот, што е вообичаена мерка за безбедност за профили кои се нападнати.

Компанијата навела дека не знае кој стои зад овој масивен напад, како ни дека уште не успеале да ја проценат неговата обемност. Како што навеле, уште се во почетна фаза на истрагата.

Повеќе за безбедносните надградби на фејсбук, прочитајте на официјалниот Фејсбук линк ТУКА.

Коментари

Коментари

Related Articles