Еди Рама вели „не“ за бегалски и мигрантски кампови

 Breaking News

Еди Рама вели „не“ за бегалски и мигрантски кампови

Еди Рама вели „не“ за бегалски и мигрантски кампови
June 27
11:27 2018

Албанската влада го отфрла предлогот да биде домаќин на центри за прием на мигранти и бегалци кои сакаат да стигнат до земјите-членки на ЕУ, вели албанскиот премиер Еди Рама.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц и претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајањи предложија барателите на азил и имигрантите да бидат испратени во кампови во земјите на Балканот.

Тирана никогаш нема да прифати кампови за бегалци и мигранти на албанска територија, дури и ако за возврат ѝ биде понуден прием во ЕУ, вели Рама во интервјуто објавено за германски „Билд„“.

Тој тврди дека неговата влада е подготвена да придонесе и да помогне во решавањето на пан-европските проблеми, но, се разбира, не може да ги реши таквите проблеми самостојно. Миграциската криза ќе биде во фокусот на самитот на ЕУ утре и во петок. Вчера владите на ЕУ дадоа привремено зелено светло за отварање на преговорите за пристапување со Албанија и Македонија, но во исто време го поврзаа нивниот напредок со спроведувањето на реформите.

Коментари

Коментари

Related Articles