Драма во болница – Жената на ракометар се породила во 22. недела, а тој ги нападнал докторите и сестрите

 Breaking News

Драма во болница – Жената на ракометар се породила во 22. недела, а тој ги нападнал докторите и сестрите

Драма во болница – Жената на ракометар се породила во 22. недела, а тој ги нападнал докторите и сестрите
May 15
14:17 2018

Предмината ноќ во Вишеградската болница во Белград се одвивала вистинска драма. Славен ракометар упаднал во болницата и почнал да вика, навредува и крши се околу себе, зошто вереницата му се породила во 22 недела од бременоста. Бебето е родено живо и тешко само 600 грама.

Како што пишуваат медиумите, вереницата на српскиот спортист е префрлена од една белградска болница во ГАК „Вишеградка“ во петокот, и тоа поради состојба која му претходни на спонтан абортус. Добила терапија и останала да лежи во болница. Драмата се случи во неделата навечер, половина час пред полноќ.

Откако дежурните докторки ја прегледале, констатирале дека предвременото породување започнало. Брзо е префрлена од одделение на породување. Некопку минути подоцна, нејзиниот вереник доаѓа и почнува хаос.

Што се случувало, прераскажува д-р Александра Матејевиќ Рајиќ, која таа ноќ била дежурен гинеколог во родилиштето.

-Со оглед на тоа што главната влезна врата ја заклучуваат во 22 часот, тој се обидел да ја скрши, но бидејќи се работи за автоматска врата, тоа не му успеало, па тропа и ги кршел. Со оглед на тоа не успеал, пронашол спореден влез и со уште две жени влегол во болницата. Прво отишол на одделение, каде лежела вереницата. Таму викал, ја удирал вратата, ги будел жените што спиеле.

Сигурно некој му рекол дека девојката не е тука, па се качил на третиот кат. Влегол во просторија во која не смеат да влезат цивили. Штом стапна на одделение, почна да ни се дере. Викаше на нас дека сме му го убиле детето, нарекувајќи не со погрдни имиња. Шутираше се што му се наоѓаше на пат, вели низ солзи докторката која се уште е во шок од настанот.

Таа вели дека ракометарот изгледал како да не знае дека вереничката му е примена во болница поради можен спонтан абортус и дека не бил подготвен за тоа. Објаснува дека не можел да се запре, па само една стаклена врата го делела од жената која во тој момент се пораѓала и била многу вознемирена поради неговото викање и дерење.

-Тој е голем и крупен човек, а ние за него сме минијатурни. Притоа, во нделата само жени беа дежурни. Во еден момент тргна кон колешката, која во рацете имаше некаква шипка за да се одбрани.

Јас во тој момент нешто му зборував, дека треба да излезе од таму, да не остави на мира, но повеќе не се сеќавам што му зборев. На крајот тие две девојки што беа со него го смирија и го извлекоа надвор, вели д-р Матејевиќ Рајиќ.

Час време по тешкиот инцидент, неговата вереница се породи. Детето е родено живо, но тешко е само 600 грама. Веднаш се повикани и неонатолози и педијатри,

Но тука не е крајот…

-Веќе околу 2 часот по полноќ, почнала да се собира група луѓе, околу 10 или 15 лица пред влезот во „Вишеградска“. Ние сето тоа го гледавме низ прозорец и не ни беше пријатно. Се плашевме да не удрат на зградата и да не повредат. Во меѓувреме не исплаши и ѕвончето на интерфонот. Видовме дека стојат двајца мажи и две жени. Работникот од обезбедувањето им рече дека само едно лице може да влезе, се сеќава докторката.

Во болница е пуштена сестрата на жената која предвреме се породи, и на која се и е објаснето. Потоа ракометарот и неговите пријатели се разотидоа.

Коментари

Коментари

Related Articles