Британија излегува од ЕУ! Дејвид Камерон даде оставка! Видео!

 Breaking News

Британија излегува од ЕУ! Дејвид Камерон даде оставка! Видео!

Британија излегува од ЕУ! Дејвид Камерон даде оставка! Видео!
June 24
10:10 2016

Британците на вчерашниот референдум се изјаснија за напуштање на ЕУ, објави утрово Би-Би-Си.

Според резултатите од преброените гласови од сите избирачки окрузи, 17.410.742 избирачи или 51,9 отсто се изјасниле за излез на Велика Британија од ЕУ, додека 16.151.241 или 48,1 проценти гласале за останување на земјата во Унијата.

Одѕивот на референдумот бил 71,8 отсто, што претставува највисока излезност на некое гласање во Велика Британија од парламентарните избори во 1992 година.

Конечните резултати во Шкотска и Северна Ирска покажуваат дека мнозинството жители на овие покраини се изјасниле за останување на Велика Британија во ЕУ, додека за разлила од нив, жителите на Англија и Велс се изјаснија за Брекзит.

Неименуван помошник во кабинетот на британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изјави дека по ваквата референдумска одлука, Велика Британија сега се наоѓа на „непозната територија“.

– Ние сега сме на непозната територија. Сите се многу уморни. Не сме спиеле, изјави неименуваниот претставник.

Во меѓувреме, лидерот на Партијата за независност на Велика Британија (УКИП), Нејџел Фараж изјави дека 23 јуни ќе биде запаметен во историјата на земјата  како „ден на независноста“ и го повика премиерот Камерон да поднесе оставка.

Фараж додаде дека се осудува да сонува оти „зазорува независно Обединето Кралство“.

Според него, британското напушатње на ЕУ е „за доброто на цела Европа“. – Ќе изградиме нова Европа, како сојуз на суверени држави, кои ќе се дружат, ќе тргуваат и ќе соработуваат, порача Фараж.

Претседателот на сеирската националиситчка партија Шин Фејн, Деклан Керни пак утрово изјави дека одлуката на вчерашниот референдум, ја лишува британската Влада од надлежноста да ги претставува интересите на жителите на Северна Ирска.

 

Како што јави ТАСС, тоа, според него, ќе биде повод и за обединување на регионот со соседна Ирска.

Дипломатски извор во Брисел претпладнево соопшти дека лидерите на ЕУ денеска ќе одржат вонредна средба посветена на резултатите од вчерашниот референдум во Велика Британија.

Според истиот извор, средбата ја свикал претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и на неа ќе присуствуваат првите луѓе на Европскиот совет и на Европарламентот, Доналд Туск и Мартин Шулц, како и холандскиот премиер Марк Руте, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

камммммммм

– Лидерите на Европската унија ќе се сретнат за да решат што да прават по шокирачката одлука, изјави немименуваниот дипломат, додавајќи дека четворцата високи претставници на Унијата ќе се обидат да ја „усогласат заедничката европска позиција по резултатите од британскиот референдум“.

За подоцна денеска е најавена и вонредна седница на Европската комисија.

Коментари

Коментари

Related Articles