Балзак пиел 50 шолји кафе на ден, Тесла спиел по 2 часа – Најчудните навики на најголемите генијалци

 Breaking News

Балзак пиел 50 шолји кафе на ден, Тесла спиел по 2 часа – Најчудните навики на најголемите генијалци

Балзак пиел 50 шолји кафе на ден, Тесла спиел по 2 часа – Најчудните навики на најголемите генијалци
December 17
21:21 2017

Генијалноста и ексцентричноста обично доаѓаат заедно, па така генијалците кои оставиле голем траг уште од минатото, имале многу чудни навики.

Неколку примери за најчудните навики (пишува ЦрноБело) кои ги имале најпочитуваните уметници, писатели и иновативци во историјата:

Питагора мразел грав

Таткото на вегетаријанството, познатиот грчки математичар, Питагора е познат по тоа што го популаризирал животниот стил на луѓето кои избираат да не консумираат месо во нивната исхрана. Но, иако неговата исхрана зависела од зеленчук, тој навистина мразел грав.

Тој не само што толку го мразел гравот, туку им забранувал на сите негови ученици и блиски да го јадат и да го допираат гравот, иако не знаеме дали оваа аверзија доаѓа поради здравствени или религиозни причини.

Според една легенда, неговата смрт била последица на неговата омраза кон гравот. Тој толку го мразел гравот што кога некои насилници го нападнале, тој не можел да побегне затоа што единствениот излез му било поле посадено со грав.

Лудвиг ван Бетовен секогаш имал мијалник со вода при рака

Рутината на Бетовен била исто толку драматична како и неговите композиции. Тој пишувал композиции, а во меѓувреме имал чести посети до полниот мијалник. Идеите му доаѓале кога шетал низ собата и потоа си истурал куп вода врз себе и врз подот.

Оноре де Балзак пиел 50 шолји кафе на ден

Балзак веројатно ја должи својата продуктивност на огромната количина на кофеин која ја консумирал секојдневно.

Но, навиката имала своја цена – тој често страдал од болки во стомакот, главоболки и висок крвен притисок.

Игор Стравински стоел на глава
Руско-американскиот композитор Игор Стравински стоел на глава по 15 минути секое утро за да си го разбистри умот.

Едгар Алан По пишувал на свитоци
Едгар Алан По често пишувал на тенки ливчиња хартија кои потоа ги лепел заедно и ги свиткувал во свитоци за полесно да ги складира. Мислел дека овој начин е подобар затоа што бил побрз и поедноставен за работа и изгледал пострашно.

Леонардо да Винчи и Никола Тесла верувале дека сонот не е потребен

Леонардо да Винчи и Никола Тесла имале ексцентрични начини на одмарање. Леонардо дремнувал по час или два на секои 24 часа, додека Тесла секогаш одмарал по 2 часа на ден.

Тесла правел вежби на прстите на нозете

Тесла имал уште една чудна навика. Тој пред да спие секоја ноќ, ги виткал прстите на нозете 100 пати затоа што верувал дека оваа вежба ја подобрува циркулацијата во мозокот.

Ниче пишувал стоејќи

Ниче еднаш го прекорувал Густав Флоберт во писмо затоа што писател сака да седи додека пишува. Во писмото му напишал: „Те фатив нихилисту, седечкиот живот е грев према Светиот Дух. Само мислите кои ги добиваме додека се движиме имаат вредност.“ – Извор ЦрноБело.

Коментари

Коментари

Related Articles