Арсовски до Богоевски: Најмалку што можеш да направиш е да побараш оставка од твојот сопартиец Оливер Спасовски

 Breaking News

July 11
16:00 2018

„Гледам Павле Богоевски после 3 дена собрал храброст и пишал статус на ФБ за Саздо, ама не го гледам да оди по улица со слика од Саздо и да рика дека нема правда и нема мир. Гледам и МВР ги брани дека си ја завршиле работата, а еден од убијците е во бегство и нема потерница по него.

Пајо, да ти порачам нешто. Секојдневно ги разгневувате луѓето. Ниту еден релативизиран статус како производ на твоите граЏански манири кои не ти вредат 5 пари, нема да ја угаси нашата болка за Саздо.

Ќе одговарате другар. Ќе одговарате за секоја една пролеана солза што ја пролеваат сите, за ти и таквите граЏани како тебе да си ги зачуваат фотељите. Најмалку што можеш да направиш е да побараш оставка од твојот сопартиец Оливер Спасовски.

Ама да знаеш дека и тоа нема да те амнестира од одговорноста што ја носиш за сето ова што се случува откако е твоево “слободоумно” граЏанство што ни ја зароби слободата и ни ги убива најблиските секојдневно.“ напиша Димса Арсовски на неговиот фејсбук профил.

Коментари

Коментари

Related Articles