Апасиев: Кога ви викаме подобро Уставен да во го поништеше, бар немаше вака да се бламирате – Да живее Републиката

 Breaking News

Апасиев: Кога ви викаме подобро Уставен да во го поништеше, бар немаше вака да се бламирате – Да живее Републиката

Апасиев: Кога ви викаме подобро Уставен да во го поништеше, бар немаше вака да се бламирате – Да живее Републиката
September 30
20:31 2018

Професорот Димитар Апасиев напиша статус на Фејсбук поврзан за референдумскиот ден.

Според податоците кои ги објави ДИК за излезноста до 18:30 часот, која изнесува 34,09 проценти од 84.33 проценти обработени избирачки места се повеќе станува јасно дека референдумот нема да успее.

Коа ви викавме боље Уставен да ви го поништеше, бар немаше вака да се БЛАМИРАТ.

#ЦиркаЕднаТретина #ОставкатаЕЕвропскаВредност, напиша Апасиев на Фејсбук.

Подоцна, Апасиев објави и Проглас за народна победа од страна на Левица.

Интегрален текст од прогласот на Левица:

Денес е ГОЛЕМ ДЕН во поновата македонска историја!

Денес, еден мал и мирољубив народ на Балканот го покажа своето достоинство и гордо одби да се самоукине!

Денес, Македонците, Албанците, Турците, Власите, Србите, Ромите, Бошњаците и сите други наши сонародници – солидарно, преку организиран МАСОВЕН БОЈКОТ на илегалниот референдум, покажаа сплотеност и заедништво во Отпорот спрема империјализмот спроведен од корумпираните елити и го одбрани АСНОМскиот карактер на Републиката.

Според извори од нашите набљудувачи на терен, политичката партија Левица обзнанува дека Референдумот за промена на уставното име на Републиката, според домашните и меѓународните важечки регулативи, и официјално е НЕУСПЕШЕН!

Во задолжителна правна сила останува плебисцитарно донесената одлука од Референдумот за независност 1991, каде што е утврдено единственото име на државата – МАКЕДОНИЈА.

Во таа чест, делегација на Президиумот на нашата партија, вечерва во 20:30 часот, ќе се ПОКЛОНИ пред споменикот на АСНОМ во паркот „Жена борец“.

Ги повикуваме сите наши членови и симпатизери да ни се придружат во ПРОСЛАВАТА на тешкостекнатата победа против владината пропаганда.

Истовремено, ја повикуваме Владата на РМ, поради целосното губење на легитимитетот, под итно да поднесе неотповиклива ОСТАВКА, а Собранието на РМ – како распишувач на овој срамен и пропаднат Референдум, да се самораспушти и да распише предвремени парламентарни избори!

#ПодобарСветЕНеопходен

#ПодобарСветЕМожен

#СмртНаИмперијализмотСлободаНаНародот

#Vdekje fashizmit, liri popullit

#БојкотирамПобеди

Коментари

Коментари

Related Articles