Алекс Ружин со нов предлог: Профилните и насловните да се вратат од времето на отпорот, многумина воопшто немаат такви фотографии

 Breaking News

July 18
17:03 2018

Другари и другарки, во знак на револт, неисполнување на нашите барања и неостварување на ветувањата кон нас, предлагам профилните и насловните да ги вратиме од времето на отпорот и на револуцијата.

Многумина “наградени и привилегирани” од страна на новата власт, воопшто немаат такви фотографии во нивните компјутери и телефони, затоа што не се појавиле на ниту еден сенароден собир, протестен марш или пак воошто учествувале на било кој настан организиран против власта на Никола Груевски.

На тој начин ќе ги препознаеме и уште еднаш јавно поздравиме вистинските заборавени борци за слободна, европска и демократска Македонија.

Борбата продолжува, нема тука да застанеме. Алекс Ружин, 17.07.2018, Скопје, Македонија, Член на Централен одбор на Либерално Демократска Партија ЛДП.

Коментари

Коментари

Related Articles