АХВ со важна информација за оние кои чуваат мачки и кучиња

 Breaking News

АХВ со важна информација за оние кои чуваат мачки и кучиња

АХВ со важна информација за оние кои чуваат мачки и кучиња
August 09
12:29 2018

Наскоро ќе почне вградувањето на микрочипови кај домашните миленичиња (кучиња и мачки), информира директорот на Агенцијата захрана и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов.

Постапката со набавката на микрочипови е веќе завршена и тие се во магацините на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Во моментов се склучуваат договорите со ветеринарните друштва што треба да ги аплицираат микрочиповите по што ќе следи нивното распоредување кај сопствениците на домашни миленичиња, рече Атанасов во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Вградувањето на микрочипови кај домашните миленици се спроведува за да се откријата сопствениците на домашниот миленик доколку тој биде напуштен и заловен од шинтерските служби.

Коментари

Коментари

Related Articles