10 примени на есенцијалното масло од лаванда како природен лек

 Breaking News

10 примени на есенцијалното масло од лаванда како природен лек

10 примени на есенцијалното масло од лаванда како природен лек
June 13
11:06 2018

Лавандата долго време се користи поради нејзиниот пријатен и релаксирачки мирис. Но нејзините придобивки се многу повеќе од ароматерапија. Денес есенцијалните масла се навистина популарни, вклучувајќи го и она од лаванда. Лавандата е најпозната по тоа што ги намалува стресот и напнатоста, но можете да ја користите за многу повеќе.

1. Изгореници

Повеќето луѓе користат алое вера за помали изгореници, но лавандата е можеби уште подобар природен лек. Иако алое верата ја намалува болката, лавандата има антибактериски и антисептички својства кои го поттикнуваат заздравувањето на раната. Можете да ја употребувате со алое вера и мраз за да ја намалите болката.

2. Намалување на симптоми на алергија од полен

Лавандата долго време се користи како природен лек за ослободување од симптомите од алергиите, особено од полен. Кога ќе се земе предвид нејзината силна арома, ова не треба да не изненади. Најдобриот начин да ја користите за алергии е да нанесете неколку капки од маслото на дланките и да вдишете длабоко.

3. Релаксирање и подобар сон

Веќе спомнавме дека лавандата е позната по својството на релаксација. Таа е одлична и за возрасни и за деца. Понекогаш е навистина тешко да ги заспиете децата, па неколку капки масло од лаванда во нивната соба ќе ги релаксира. Со маслото од лаванда можете да ги смирите и бебињата – измешајте 2-3 капки со масло од кокос и масирајте ги стапалата на бебето.

4. Егзема

Лавандата во комбинација со кокосово масло е одлична за кожните болести како егземата. И во овој случај помагаат нејзините антибактериски и антисептички својства кои ги намалуваат чешањето и болката.

5. Домашно направен лосион

Нема потреба да страдате од некоја болест на кожата за да ја вметнете лавандата во секојдневната грижа. Измешајте неколку капки масло од лаванда со кокосово масло или шеа путер и ќе добиете домашно направен лосион што мириса неверојатно.

6. Намалување на симптомите од астма

Пред сè важно е да знаете дека ако вие или вашето дете страдате од астма, не се препорачува да користите само лаванда како лек. Астмата е сериозно нарушување и секогаш треба да ги следите инструкциите на вашиот лекар и да не пробувате нишо ново пред да се консултирате со него. Некои истражувања покажале дека антивоспалителните својства на лавандата можеби се ефективни за намалување на симптомите од астмата. Можете да го пробате овој третман, сè додека вашиот лекар ви каже дека е во ред.

7. Намалување на главоболка

Ако страдате од мигрена, сигурно би направиле сè за да се ослободите од болката. Можете да пробате со некои есенцијални масла, а едно од нив е и лавандата. Најдобро е да ставете неколку капки во зовриена вода и да ја вдишете парата. Ако имате главоболки во текот на бременоста, истражувањата покажале дека маслото од лаванда е ефективен и безбеден начин за природно ослободување од болката.

8. Антигабични својства

Ако страдате од каква било помала габична инфекција, може и да нема потреба да одите до аптека. Едно истражување покажало дека маслото од лаванда може да ве ослободи од овие нарушувања. Се разбира, секогаш консултирајте се со вашиот лекар.

9. Намалување на симптоми на депресија

Лавандата се прима орално со векови како лек за разни нарушувања вклучувајќи напади, мигрени и несоница. Изгледа дека ова магично растение може да ги намали симптомите на депресијата и другите нервни нарушувања. Неодамнешни истражувања покажале дека оралното примање на лаванда можеби е исто ефективно како и препишаните лекарства за овие состојби.

10. Рамнотежа на шеќерот во крвта

Лавандата е едно од многуте есенцијални масла што е корисно ако сте дијагностицирани со дијабетес. Некои истражувања на животни покажале дека маслото од лаванда може да го регулира шеќерот во крвта. Сепак, и дијабетесот е сериозно нарушување и пред да направите што било консултирајте се со вашиот лекар. Подобро е да ја користите лавандата заедно со другите лекови отколку целосно да ги замените со неа.

Коментари

Коментари

Related Articles