Тешка сообраќајка кај Демир Капија помеѓу два камиони и еден автомобил, мајка и син повредени

 Breaking News

Тешка сообраќајка кај Демир Капија помеѓу два камиони и еден автомобил, мајка и син повредени

Тешка сообраќајка кај Демир Капија помеѓу два камиони и еден автомобил, мајка и син повредени
July 30
10:38 2016

Две лица се тешко повредени во сообраќајната несреќа која се случила доцна синоќа околу 21 часот и 40 минтути, на дел од автопатот меѓу селото Удово и Демир Капија. Повредените се префрлени на лекување во Скопје.

Како што информираа денеска од МВР, во сообраќајката кај месноста „Водисир”,  учествувале три возила.

– Едно од возилата кои учествувале во незгодата е прилепска сканија влекач со полуприколка, управувана од 61-годишниот Н.С. Второто возило учесник во сообраќајната несреќа е влекач сканија со полуприколка, само со кавадаречки регистарски ознаки. Со сканијата управувал 22-годишниот М.Ѓ од Каваадарци. Третото возило кое било дел од сообраќајката е возило „БМВ” со германски ознаки, управувано од 31-годишниот И.С од Германија, велат од МВР.

Со тешки набиеници на главата и левото рамо и фрактури на ребра, се здобил возачот на патничкото моторно возило. Со повреди на главата и внатрешно крварење се здобил и сопатникот во патничкото возило, лицето Н.Х.С.

Увид на лице место извршила полициска екипа, а сообраќајот бил во прекин од 21.50 часот до полноќ. Како што информриаа од АМСМ сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

Коментари

Коментари

Related Articles