Познат идентитетот на полицаецот, го уби психички растроенa личност

 Breaking News

Познат идентитетот на полицаецот, го уби психички растроенa личност

Познат идентитетот на полицаецот, го уби психички растроенa личност
July 31
09:05 2016

Горан Станишевски (36) од населбата Карпош е полицаецот кој синоќа го загуби животот додека беше на должност во ромската населба Средорек.

Убиството го извршил Е.Б.(33) од Куманово, околу 22.30 часот,  кој предходно ги претепал своите мајка и сестра. Тие со возило на Итна помош биле пренесени во Кумановската болница, а семејното насилство било пријавено  во СВР Куманово. Потоа лекарите на Брза помош со асистенција на полицијата заминале да го земат насилникот и да го згрижат во некоја установа. На лице место пристигнале и две екипи со 4 полицајци, при што Е.Б. почнал многу агресивно се однесува и да се заканува со нож. Бидејќи не можеле да го совладаат полицајците тргнале да излезат од собата, при што насилникот со нож го расекол Станишковски во грбот.  Помош му пружила екипата на Брза помош, но повредите биле фатални и полицаецот починал во Кумановската болница.

„За време на настанот заедно со полицијата беше присутна и Итната медицинска помош.  Заедно со полицијата бевме нападнати од душевно болниот убиец откако предходно бевме повикани на интервенција. Успејавме да го одржиме повредениот во живот, но кратко. Повредениот веднаш беше транспотриран на хируршкото одделение во Општа болница- Куманово, но за жал, им подлегна на повредите. Тимот од Итна медицинска помош неможе да се соземе од шокот , – напиша на ФБ профилот на Kumanovonews, докторка Марија Цветковска, која била на лице место.

Насилникот имал здравствени психички проблеми и порано се лекувал во болницата во Бардовци. По убиството е совладан и приведен.

Куманово е во шок по синоќешната трагедија. На социјалните мрежи пријателите се простуваат од Горан и никој не сака да поверува во она што се случило. Сите велат дека бил голем професионалец посветен на работата. Прво работел во АРМ, па во единицата Алфи, и сега во екипата за брза интервенција.

(  фото. ФБ)

Коментари

Коментари

Related Articles