Ова е Ване од Прилеп кој освои половина милион евра, погледнете го моментот во кладилницата (ВИДЕО)

 Breaking News

Ова е Ване од Прилеп кој освои половина милион евра, погледнете го моментот во кладилницата (ВИДЕО)

Ова е Ване од Прилеп кој освои половина милион евра, погледнете го моментот во кладилницата (ВИДЕО)
February 22
12:02 2018

Неделниот весник “Зенит” објави видео од прославата на прилепчанецот Ване Лесновски, кој вечерва доби 500.000 евра на спортска прогноза.

Како што дознавме добивката Ване ја остварил преку 7 добитни тикети, на кои вложил вкупно 300 денари.

Иако претходно се зборуваше дека тој тие тикети ги заменил за 235.000 евра, самиот Ване пред камерата на “Зенит” вели дека освоил половина милион евра.

Маркукуле стигна до добитниот тикет, а според тоа што го дознавме на него се погодени 23 парови, иако на тикетот се прикажани 20.

Ване тикетот го уплатил на 24.01.2018, а чекањето му се исплати вечерва.

Секоја чест мајсторе! Да се трошат за добро!

Коментари

Коментари

Related Articles