Отстранет бугарскиот споменик на врвот „Кајмакчалан“ на Ниџе планина

 Breaking News

Отстранет бугарскиот споменик на врвот „Кајмакчалан“ на Ниџе планина

Отстранет бугарскиот споменик на врвот „Кајмакчалан“ на Ниџе планина
September 22
20:24 2016

Пред еден месец, како што пренесуваат бугарските медиуми, војници од Бугарската армија на сопствена иницијатиа поставиле спомен плоча „во чест и слава и длабок поклон пред хероите од Бугарската армија, кои го дале својот живот за обединување на Бугарија во битката на Кајмакчалан во 1916г“.

k1

Официјална реакција од Македонските институции немаше, а уште помалку од ресорниот министер задолжен за одбрана Јолевски кој не се одважи со никаква реакција.

За среќа, Македонија сеуште има патриоти кои не само на тастатура туку и на дело ја покажуваат љубовта кон својата земја и вистинскиот начин на кој што се чува сопствената историја, вистинскиот начин на кој се чуваат спомените на загинатите Македонци кои ѕверски биле искористуани за разни интереси.

Рано изутринава новинарот и истакнат Македонски патриот и родољуб, заедно со својата екипа изутрината околу 3.30 часот тргнале кон Кајмакчалан, на пат во должина од 75 километри од Битола до Кајмакчалан.

Екипата возела по екстремно тешки услови цели шест часа, по исклучително руиниран пат кој на места воопшто го немало.

k2 k3 k4 k5

„Својата мисија ја исполнив, заедно со целата екипа која му благодари на нашиот заеднички пријател и голем патриот чие име во моментов не смеам да го откријам“ – изјави Миленко Неделковски за iNFOMAX.mk.

Коментари

Коментари

Related Articles