Нови детали за убиството во Скопје: Двајца напаѓачи пукале, познат идентитетот

 Breaking News

Нови детали за убиството во Скопје: Двајца напаѓачи пукале, познат идентитетот

Нови детали за убиството во Скопје: Двајца напаѓачи пукале, познат идентитетот
November 03
20:08 2017

Недоразбирање помеѓу двајца пријатели заврши со престрелка во скопски Аеродром, дознава Пресс24 од полициски извори. Според неофицијални информации, во Мартин Јанушев пукал негов пријател кој и од порано и е познат на полицијата, по серија најтешки кривични дела за кои одлежувал и затворска казна.

Напаѓачот е познат и во скопското подземје. Од МВР се уште не може да се добие ниту потврда ниту демант на оваа информација.

Според некои медиуми полицијата го знае идентитетот на напаѓачот и трага по него. Нема информации за состојбата на застреланиот.

Не еден, туку двајца напаѓачи пукале во Мартин Јанушев, кој попладнево беше убиен во населба Аеродром, дознава Фокус од неофицијални извори.

Според извори на Фокус, 25- годишниот Јанушев бил поранешен фудбалер на скопскиот тим Локомотива, а во последниот период се занимавал со кик-бокс.

Поплднево тој беше застрелан со 4-5 куршуми во главата и вратот и без знаци на живот беше однесен во Градска болница.

Коментари

Коментари

Related Articles

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment