Нема фигаро за коса за радовишанки: 8-ми март градоначалникот ќе го честита на друг начин, заштеда од 1000 евра општински пари

 Breaking News

February 20
12:45 2018

Герасим Конзулов, градоначалникот на Радовиш го поништи тендерот за набавка на фигара за коса, кои планираше да ги дава како подароци на 8 март.

Вчера Општина Радовиш распиша тендер за набавка на 45 фигара, за кои беше предвидено да се потрошат 700 евра од општинскиот буџет. На веб страницата на Бирото за јавни набавки денеска набавката е поништена.

Градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов, на жените вработени во општинската администрација ќе им подари фигаро за коса за претстојниот празник 8 Март, пренесе вчера Макфакс. Како што е објавено на Бирото за јавни набавки, во план е набавка на 45 прозиводи за нега на коса – фигаро, наменети како подароци за Денот на жената – 8 Март за потребите на Општина Радовиш.

Проценета вредност без ДДВ е 42.300 денари. Критериум за доделување договор е најниската цена, а електронската аукција ќе се изврши во еден круг во времетраење од еден час. Електронската аукција ќе се изврши со негативно наддавање кое прецизно ќе се наведе во поканата, а ќе се движи од минимум 1 отсто до максимум 10 отсто од вредноста на најниско понудената цена од почетната ранг-листа.

Коментари

Коментари

Related Articles