Мицкоски заедно со партиска делегација во посета на Вашингтон САД

 Breaking News

Мицкоски заедно со партиска делегација во посета на Вашингтон САД

Мицкоски заедно со партиска делегација во посета на Вашингтон САД
February 06
12:27 2018

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со партиска делегација во која се Влатко Ѓорчев, Тимчо Муцунски и Слободанка Алексовска ќе остварат неколкудневна работна посета на Вашингтон САД.

Во текот на посетата претседателот Мицкоски ќе реализира повеќе средби со претставници на Белата Куќа, Стејт Департмент и членови на Претставничкиот дом и Сенатот.

Од партијата соопштуваат дека Мицкоски ќе се обрати и на Безбедносниот форум организиран од членови на американскиот Сенат, а воедно ќе присуствува на Молитвениот појадок кој се одржува под покровителство на Претседателот на САД Доналд Трамп.

Предвидена е и реализација на средби со претставници на македонската дијаспора во САД. Престојот во Соединетите Американски држави ќе се искористи за остварување на меѓународни контакти, зацврстување на односите на ВМРО-ДПМНЕ и лобирање за државните и национални интереси на Република Македонија. По скорешните посети на Брисел, и Будимпешта, престојот во Вашингтон преставува продолжување на интензивната меѓународна активност на ВМРО-ДПМНЕ, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коментари

Коментари

Related Articles