Македонците од Австралија се против законот за јазиците, договорот со Бугарија и за прекинување на преговорите за името

 Breaking News

Македонците од Австралија се против законот за јазиците, договорот со Бугарија и за прекинување на преговорите за името

Македонците од Австралија се против законот за јазиците, договорот со Бугарија и за прекинување на преговорите за името
February 19
22:01 2018

Пред неколку денови во Канбера, Австралија ечеше македонската химна и македонската изворна песна. “НЕ ЗА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО”, порачуваат Македонците во Австралија, кои протестираа пред македонската амбасада во Канбера. Тие искочија на мирен протест со потенцирање на неколку барања кои биле писмено доставени до амбасадата.

– Претседателот Иванов да не го потпишува указот за ратификација на договорот со Бугарија.

– Владата безусловно да го повлече законот за употреба на јазиците и да го врати на јавна дискусија.

– Отфрлање на Договорот меѓу Македонија и Бугарија склучен на 1 август 2017 година во Скопје, со којшто Владата се согласи на ревизија на македонската историја и се откажа од македонскиот јазик.

– Отфрламе референдум, промена на Уставот и ратификација на меѓународен договор со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

– Бараме безусловен крај на разговорите за разликата за државното име со Владата во Атина.

Тие сметаат дека промената на името на државата и идентитетот на нацијата не претставува демократија, слобода на мислата и нејзино јавно изразување туку прекршување на Уставот на Македонија и меѓународното право. Изразија незадовоство и отфрлање на ЕУ и НАТО кои не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата.

Меѓу другото Македонците во Австралија, повикаа на итно ослободување на сите притворени за настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија, а доколку Владата не е способна да ги оствари нивните барања, бараат самораспуштање на Собранието и распишување на вонредни парламентарни избори!

Ова не е прв пат Македонците ширум светот да се креваат на протести против промената на уставното име на државата, зачувување на македонскиот јазик и зачувување на националниот идентитет и посебност.

Коментари

Коментари

Related Articles