Дневен хороскоп за среда, Девиците ќе потскокнуваат, Овените со комплименти, Рак со шарм, Риби со дела, Лав со пари, Вагата со срцето

 Breaking News

Дневен хороскоп за среда, Девиците ќе потскокнуваат, Овените со комплименти, Рак со шарм, Риби со дела, Лав со пари, Вагата со срцето

Дневен хороскоп за среда, Девиците ќе потскокнуваат, Овените со комплименти, Рак со шарм, Риби со дела, Лав со пари, Вагата со срцето
February 21
00:43 2018

ОВЕН: Денес ќе бидете како талентирана магионичарка која инстантно може да ја претвори негативноста во нешто убаво. Нема да дозволувате нечии зборови да ве демотивираат, навредат или растажат, затоа што вашето мислење ќе биде единственото кое ви е важно.

Користете ја моќта на зборовите за да правите луѓето да се чувствуваат убаво. Комплиментите се бесплатни, па делете ги.

БИК: Денес животот ќе ви изгледа хаотичен, бидејќи постојано ќе трчате од едно место на друго во обид да ги задоволите сите. Можеби е време да се запрашате што е она што ви е навистина важно.

Започнете да пребирате ако сакате „утре“ сè да биде поинаку.

БЛИЗНАЦИ: Внимавајте! Денес вашиот преголем оптимизам ќе се судри со реалноста, па ќе започнете да сфаќате дека светот и не е толку розово место како што сте си мислеле. Можно е да откриете дека некој долго време ви работи зад грб или дека сака да ви одземе нешто што е ваше.

Дајте им шанса на своите таленти да ве дефинираат како личност. Време е да покажете што умеете.

РАК: Посакајте љубов и ќе ја добиете! Денес планетите ќе ви го зголемат шармот и заводливоста, па лесно ќе ги привлекувате лицата од спротивниот пол. Сè што треба да направите е да земете љубовна стрела и да ја насочите кон посакуваната мета.

Можно е да почувствувате силна гордост поради постигнувањата на личност од вашето семејство. Покажете ѝ го тоа.

ЛАВ: Денес ќе бидете практични, но непостојани. Нема да ги трошите парите од својот паричник залудно и ќе барате решенија кои ќе ве задоволуваат долгорочно.

Немирниот дух ќе ве одведе во прекрасна авантура, но практичната страна нема да ви дозволува да се однесувате неразумно. Научете како одвреме-навреме да го исклучувате својот аналитичен ум за да си дадете простор вистински да се релаксирате.

ДЕВИЦА: Денес напливот од позитивност ќе ве прави невообичаено весели, па често ќе потскокнувате како мало дете. Но, иако ќе изгледате безгрижно, во вас ќе се случуваат многу нешта кои не се видливи за обичното око.

Копајте подлабоко во темите кои ви будат интерес. Никогаш не можете да знаете премногу.

ВАГА: Следете го срцето и не погледнувајте назад. Денес интуицијата ќе вреска во вас, одвраќајќи ве од погрешните одлуки и фрлајќи ве кон оние кои имаат потенцијал да ви го разубават животот. Следете ја.

Соништата не треба да ги игнорирате денес. Протолкувајте го нивното значење и видете што сакаат да ви кажат.

ШКОРПИЈА: Денес планетите ќе ве поттикнат да ги барате блиску до себе нештата по кои копнеете, па не се изненадувајте ако ѝ се радувате на насмевката на вашите деца или на саканиот повеќе отсекогаш.

Можни се љубовни недоразбирања. Има шанси без да сакате да бидете вмешани во нечија врска. Бегајте од претерано љубоморни личности како од оган.

СТРЕЛЕЦ: Емоциите денес ќе ви зависат од опкружувањето, па внимавајте со кого се дружите. Избегнувајте ги лицата кои постојано се жалат или оние кои се ситат на туѓата несреќа, не гледајќи што имаат во својата чинија.

Опкружете се со весели оптимисти кои често ја изговараат реченицата „денес е добро, но утре ќе биде уште подобро“. Ќе ја впивате позитивноста со секоја пора од телото.

ЈАРЕЦ: Денес ќе ја добиете потребната поддршка од најблиските, па на моменти ќе ви се чини како тие да склучиле пакт за да ве усреќат. Не ја тргајте насмевката од своето лице и барајте мали начини за да ја искажете својата благодарност. Секој има потреба од внимание.

Потребно е да се оддалечите од телефонот и барем накратко да се исклучите од интернет. Претпочитајте ги врските „еден на еден“.

ВОДОЛИЈА: Вие сте личност која секогаш е подготвена да возврати на вербалните напади, но денес нема да бидете заинтересирани за тоа. Ќе ги игнорирате закачките и острите коментари и ништо нема да може да ви ја уништи рамнодушноста.

Бидете претпазливи кога запознавате нови личности. Натерајте ги да го спуштат нивниот штит без вие да го правите истото.

РИБИ: Ова е ден кога делата ќе зборуваат за чистотата на вашата душа. Големи се шансите да земете под своја закрила личност која се чувствува ранливо и слабо.

Оставете ги шегите за други денови. Време е за сериозни одлуки.

Коментари

Коментари

Related Articles