Џамбазов наполни 82 години! Поклон Маестро!

 Breaking News

Џамбазов наполни 82 години! Поклон Маестро!

Џамбазов наполни 82 години! Поклон Маестро!
February 04
19:25 2018

Познатиот македонски композитор, Маестро Александар Џамбазов, таткото на актерот Игор Џамбазов, вчера наполни 82 години.

Тој роденденот го прослави со најблиските во еден скопски ресторан, а фотографија од убавото друштво на социјалните мрежи објави Весна Петрушевска која била меѓу гостите.

– Александар Џамбазов денес полни 82 години. Да ни е жив и здрав …Среќни што те имаме, те сакаме бескрајно – му порачала Петрушевска на славеникот.

На забавата, покрај синот Игор Џамбазов, чест му направиле и актерот Тони Михајловски, со сопругата Александра и синот Максим, Пере од „Нокаут“, Весна Бејби, Харе Гуру…

Коментари

Коментари

Related Articles